Славната пејачка Адел успеа да ослаби дури 45 килограми, а со најновите нејзини фотографии е јасно дека на себе не го променила само своето тело.
Имено по доделувањето на оскарите каде таа блесна како вистинска убавица очигледно на сите им стана јасно дека таа има видливи промени и на своето лице.
Цртите на лицето и се поостри, усните зголемени, ниту пак носот не и изгледа како порано.
Меѓутоа иако можеби светот очекуваше фановите да ја критикуваат, тие се воодушевени од неа и ја поддржаа преку коментарите на социјалните мрежи.
Последните фотографии зборуваат и за тоа колку таа навистина не личи на себе додека била уловена во црни хеланки и без шминка на себе.