Меланија Трамп во моментов е на нејзиното прво големо меѓународно патување, а фотографиите од нејзините активности го обиколија светот.
За време на патувањето, таа отиде и во Африка, а фотографијата снимена на аеродромот во Најроби, Кенија, предизвика големо внимание.
Меланија Трамп се појави на аеродромот во зелен фустан со мотиви од животни и умерен израз кој ја откри извајаната фигура на првата дама на Америка.
По црвениот тепих таа прошета со кафени чевли, кои одговараат на мотивите на фустанот и појасот.
Фризурата и комбинацијата уште еднаш покажаа дека сопругата на Доналд Трамп и тоа како има вкус. Секогаш кога се појавува во јавноста, таа предизвикува внимание со својот избор на гардероба и покажува дека на жена најпривлечно изгледа елегантна комбинација.