„Секој зборува со својата тишина, а тишината кажува многу“. Ова го напиша Даница Андонов, сопругата на српскиот рапер Далибор Андонов Гру, на Инстаграм под фотографијата на која позира во прегратка на сопругот.
Таа за првпат се огласи по неговата трагична смрт.
Славниот српски рапер Гру загина на 9 септември годинава, на 47 годишна возраст откако бизарно падна додека возел параглајдер на вода во Земун.