вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Даниел Кајмакоски ги откри деталите за пропаднатиот брак пред јавноста: „Разводот е најдоброто за нас!“

Даниел Кајмакоски ги откри деталите за пропаднатиот брак пред јавноста: „Разводот е најдоброто за нас!“

По неколкудневно молчење, пејачот Даниел Кајмакоски реши да стави точка на пишувањата за неговиот брак и разводот на истиот, па во изјава односно мејл порака за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ проговори за деталите и потврди дека на неговиот брак со Кристина навистина му дошол крајот.

Деновиве не реагиравме на објавените новости за мене само поради една причина. Велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста , но за се има вистинско време. јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината. Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак, за никој од нас не е лесен овој период. Би ги замолил медиумите да ја почитуваат нашата приватност – пишува Даниел Кајмакоски во мејлот за „Бекстејџ“.

Инаку, поминаа речиси три години откако Кајмакоски и Кристина запловија во брачните води, а набрзо потоа го добија нивното синче Давид.

Пејачот уште пред да се оствари во улогата на родител изјавуваше дека многу сака да стане татко, а набрзо желбата му се исполни.

Потоа, Даниел се повлече од музичката сцена, сакајќи што повеќе да биде со своите најсакани и да го види секој миг од растењето на синчето.

Најнови вести