Познатиот пејач Даниел Кајмакоски наскоро ќе стане по втор пат татко. Тој преку својот профил на Инстаграм ја сподели оваа радосна вест и доби еден куп позитивни коментари.
Имено, Кајмакоски сподели фотка од неговата избраничка, со кој се ожени пред неколку месеци.
На фотографијата таа е седната на столица, а со рацете го допира стомакот…
„Кога љубовта се претвара во живот, среќата добива едно име. Чекајќи го нашиот мал човек“ – стои како опис на фотката.
Инаку пејачот ќе стане татко по втор пат. Тој веќе има го има синот Давид кој го доби од бракот со Кристина Димитри.