среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Даниела ги збуни сите со изјавата: Повеќе не сме заедно со Огњен

Даниела ги збуни сите со изјавата: Повеќе не сме заедно со Огњен

Сопругата на Огњен Амиџиќ, Даниела Димитровска беше гостинка во емисијата „Магазин ин“ каде сите ги збуни и изненади сите со својата изјава.

Имено, таа истакна дека повеќе не е со Огњен, поради што сите изненадно ја погледнаа, но таа потенцираше дека се шегува.

-Тоа беше одамна, повеќе не сме заедно, ете ексклузива. Се шегувам. Ние сме заедно 10 години, имаме дете и се гледа низ функционирањето дали постои емоција, а не само во зборвите, вели Даниела и откри приватни детали.

„Јас сум господарка во нашиот брак, тој го потврди тоа. Матеја и тој се шегуваат за тоа бидејќи за се ме прашуваат, како во хотел“.

Во една прилика, Огњен откри што најмногу и забележува на својата сопруга.

-Таа е многу специфична. Има многу јасни и солидни ставови за многу теми. Се согласувам сто проценти, го знам своето мислење, зборуваме за тоа. Се согласувам со нејзиното мислење и цврстa е во нејзините ставови бидејќи ја носи традиционалното воспитување, го има овој традиционален став… Но, исто така, таа е многу отворена, истакна Огњен во една емисија.

Најнови вести