Елтон Џон објави дека неговиот последен британски „Безвременски настап“, пред пензионирањето, ќе се одржи на фестивалот „Гластонбери“ следната година.
Во првиот чин на настанот во Велика Британија, Џон ќе настапи на „пирамидната сцена“ во недела на 25 јуни 2023, затворајќи го сѐ тоа на главната сцена. Ова би било неговото само второ појавување на фестивал во Обединетото Кралство. Соопштението пристигнува набргу откако Џон го отсвире своето последно американско шоу на „Доџер стадионот“ во Лос Анџелес минатиот месец – пригоден настан на којшто настапија и Дуа Липа, Кики Ди и Бренди Карлајл, а се емитуваше во живо на „Дизни плус“.
– Не би можел да бидам повозбуден што ќе ја предводам сцената на „пирамидата“. Како што доаѓа крајот на мојата турнеја ’Farewell Yellow Brick Road’, не постои посоодветен начин да се збогувам со моите британски обожаватели! Тие беа неверојатно брилијантни и ме поддржуваа низ сите подеми и падови на мојата кариера… Едвај чекам да ме обземе духот на најголемиот фестивал во светот, рече Џон во изјавата.
Организаторката на „Гластонбери“, Емили Ивис додаде: – Ќе го затвориме фестивалот и ќе го одбележиме овој огромен миг во двете наши истории со „мајката“ на сите испраќања. Многу сме среќни што конечно ќе го донесеме „Ракетниот човек“ („Rocket Man“, една од неговите најголеми хит-песни, б.п.) на тука.
Но, тоа нема да биде неговото последно шоу во целина – турнејата „Farewell Yellow Brick Road“ којашто почна во 2018 година, ќе продолжи низ Европа до јули 2023 година.
„Гластонбери“ 2023 ќе трае од среда, 21 јуни до недела, 25 јуни. Билетите за настанот се распродадоа за еден час откога беа пуштени во продажба во ноември годинава.