Пејачот на народна музика Маринко Роквиќ почина во ноември, а како што вели неговиот постар син Никола Роквиќ, не поминува ден, а татко му да не му недостасува.
Исто така, Никола признава дека неговите деца постојано прашуваат за нивниот дедо.
-Прашуваат за дедо Маринко, каде е, но се е тоа живот, нормално е, мора да научиме да живееме без него. Најмногу се гордеам првенствено на тоа каков човек, татко, пејач бил и што бил умерен и одмерен. Секој ден ми недостига, изјави Никола.
Тој му ја посвети и својата нова песна на покојниот татко.
-Сега ја објавив „Бесмртна песна“ која е посветена на сите луѓе што заминаа и на нас што останавме. Јас и Марко веројатно ќе снимиме некоја од песните на Маринко. Дополнително подготвувам уште два, веројатно и двете ќе излезат во наредните два месеци, многу сум активен, рече Никола.