среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дејвид Бекам претставува “Масерати” кој самиот го дизајнирал

Дејвид Бекам претставува “Масерати” кој самиот го дизајнирал

Не е реткост светските ѕвезди да поседуваат уникатни автомобили, но поранешниот фудбалски ас Дејвид Бекам ја крена скалата на највисоко ниво.

Тој заедно со дизајнерите од славниот “Maserati” работел на развој на моделот “MC20 Fuoriserie”, кој го претставува на спектакуларен начин.

Италијанската компанија им дозволува на клиентите да учествуваат во модификациите на возилата, а мора да се признае дека Бекам се потрудил да осмисли вистински “убавец”.

Моќна машина

Под хаубата се крие мотор “V6” со сила од 621 коњски сили и 730 Nm, со максимална брзина од 325 километри на час. Новиот миленик на Бекам достигнува до “стотка” за 2,9 секунди.

“MC20 Fuoriserie” е поставен на монокок од карбонски влакна, пренесува специјализираниот портал “Autoevolution”.

“Отсекогаш сум сакал автомобили, а процесот на дизајнирање е неверојатно искуство. Овој единствен модел е инспириран од Мајами и мојот фудбалски клуб Интер Мајами”, рекол Англичанецот.

Најнови вести