четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дејвид Коперфилд ја најави најголемата илузија досега: Ако видите нешто чудно на небото… (ВИДЕО)

Дејвид Коперфилд ја најави најголемата илузија досега: Ако видите нешто чудно на небото… (ВИДЕО)

Најпознатиот магионичар во светот Дејвид Коперфилд најави дека во февруари следната година ќе ја направи најголемата илузија досега.

Имено, Дејвид објави како се подготвува за илузијата во која ќе ја снема Месечината.

„Во февруари, по 30 години кариера, ќе ја изведам мојата најголема илузија досега“, додаде тој.

Откри и како со години се подготвува за овој проект кој има и хуманитарна цел.

„Потребни беа 30 години работа, тоа се буквално 30 години од нашите животи за да го развиеме. Постојат повеќе методи за да се направи успешна илузијата, а јас работам со Save the Children, неверојатна организација, за да му ја покажам разлика на светот на една личност“, рече тој.

„Ако еден човек може да направи Месечината да исчезне од небото, замислете како заедно можеме да направиме да исчезнат сиромаштијата, гладот ​​и опасноста за нашите деца на Земјата“, додаде тој.

Коперфилд вели дека неговите проби за овој настан биле успешни.

-Добро им оди. Всушност, ги тестирав последните неколку месеци и луѓето пријавија дека виделе чудни работи на небото ноќе, низ целата земја. Затоа, ако некој види нешто чудно , ве молам известете ме со означување на Инстаграм, Твитер или Фејсбук, додава магионичарот.

Легендарниот илузионист се прослави во 80-тите со бројни илузии кои ги збунија гледачите ширум светот. Создаде илузија за исчезнување на Статуата на слободата (1983), левитација над Големиот Кањон (1984), помина низ Кинескиот ѕид (1986), бегаше од Алкатраз (1987) и леташе низ сцената неколку минути (1992).

Најнови вести