петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Денеска почнува судењето на Драган Бјелогрлиќ за насилничко однесување: Актерот придружуван од адвокат пристигна во судот

Денеска почнува судењето на Драган Бјелогрлиќ за насилничко однесување: Актерот придружуван од адвокат пристигна во судот

Познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ денеска за првпат треба да седне на обвинителна клупа во Првиот основен суд во Белград, кој против него ќе води постапка поради обвинувањата за насилничко однесување кон неговиот колега Предраг Антонијевиќ.

Драган Бјелогрлиќ чекал во кафулето да започне судењето закажано за 11 часот. Тој е фотографиран на околу 50 метри од судот каде пие кафе со адвокатот Југослав Тинтор.

Тој пристигнал во судот нешто пред 11 часот во придружба на адвокатите Југослав Тинтор и Горан Драганиќ, пренесуваат српските медиуми.

Да потсетиме, инцидентот поради кој Бјелогрлиќ и Антонијевиќ завршија на суд се случи за време на настанот Филмски средби, на 23 август во Ниш.

Најнови вести