Актерката Софија Вергара (51) неодамна откри дека се разведува од долгогодишниот партнер – Џо Манганиело (46).
Двојката се венчаше во 2015 година на Флорида, а истиот ден потпишаа предбрачен договор за заштита на нивниот имот. Од него сега произлегоа детали.
Во документите на Вергара, до кои дојде Пејџ Сикс, стои дека „неа ѝ припаѓаат накитот, уметничките дела и другите лични предмети, како и целата заработка заработена пред, за време и по датумот на развод“.
Заедничкиот имот на двојката ќе биде поделен според предбрачниот договор, а Манганиело и Вергара се договориле сами да си ги платат правните трошоци.
За потсетување, Софија и Џо пред две недели ги потврдија гласините за развод.
– Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека поминуваме низ оваа нова фаза од нашите животи – гласи официјалната изјава на славната двојка, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина.