Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер наскоро ќе станат родители по трет пат.
Според близок медиумски извор, на нивните синови Лука и Леон наскоро ќе им се придружи уште едно момче.
-Се оди добро, родителите се среќни и задоволни, а на последниот преглед докторот и соопштил на Ана дека ќе добие момче. За тоа се информирани најблиските членови на семејството, дознаваат српските медиуми од сигурни извори.
Да потсетиме, тие се преселиле од Чикаго во селото Вестендорф во Австрија, далеку од градската гужва, за нивните наследници да пораснат во мир.
Поранешната тенисерка изненади многумина и со изјавата дека нејзините синови кои се родени во брак со познатиот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, воопшто не се свесни колку се познати нивните родители.
-Нашите деца дури и не знаат кои сме ние во однос на нашите кариери. Дури и кога луѓето не запираат да се фотографираме, тоа е многу интересно, бидејќи тие воопшто не го разбираат тоа. Мислат дека се некои од нашите пријатели. Еднаш се случи Бастијан да го сопрат неколку пати, а мојот постар син ме праша „мамо, зошто се сликаат толку многу со тато“, го прашав што мисли, а тој ми одговори дека мисли дека не е убаво. Значи, не сакаме да ги оптоваруваме, сакаме тие да имаат свој начин на живот. Тие двајца се тотално различни, но се и доста блиски, што е многу важно, изјави Ана Ивановиќ во една емисија.