среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Девојката на Амиџиќ проговори за бременоста: Сите лажат!

Девојката на Амиџиќ проговори за бременоста: Сите лажат!

Водителот Огњен Амиџиќ неодамна ја потврди радосната вест дека тој и неговата избраничка Мина Наумовиќ чекаат бебе.

Популарниот пар веќе закажа венчавка, а сега Мина првпат проговори откако во медиумите се појави веста дека е бремена и јавно откри како се чувствува.

-Што се однесува до бременоста, ништо не е како што се рекламира, сите лажат. Едно око на челото, едно на рамо, цело време. Само стари слики ќе објавувам до пораѓање, напиша Мина во својата објава.

Водителот неодамна проговори за бременоста на Мина.

-Поводот е прекрасен. Можам да кажам дека и Мина и јас сме пресреќни. Токму тоа го посакувавме и чекавме и се случи, што да кажеме. Буквално сум пресреќен. А од друга страна, малку сум суеверен, не сакам да зборувам премногу, само да биде се во ред. Нема ништо подобро, посилно и посреќно од ова да се случи. Па можеби ќе бидам посреќен само кога ќе дојде бебето. Само да Боже здравје дека се ќе биде како што треба, изјави Огњен.

Најнови вести