вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Девојката на Милош Биковиќ го покажа трудничкото стомаче: Еве како изгледа убавата Ивана (ФОТО)

Девојката на Милош Биковиќ го покажа трудничкото стомаче: Еве како изгледа убавата Ивана (ФОТО)

Популарниот актер Милош Биковиќ и црногорската адвокатка Ивана Малиќ, кои се во врска нешто повеќе од две години, со нетрпение го очекуваат своето прво дете.

Убавата Ивана ќе роди момче и сега објави селфи во поодмината бременост.

Имено, таа позира пред огледалото и покажа дека трудничкото стомаче е единствена промена кај неа. Таа изгледа прекрасно, не се здебелила, а многумина се прашуваат како успеала да има толку добра фигура.

Да потсетиме, Милош на својот Инстаграм се огласи за бременоста на Ивана и ја потврди убавата вест.

-Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме тоа, но папараците не доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки, а ги молиме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, секако ќе ве контактираме,  изјави тогаш Биковиќ.

Најнови вести