четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Девојката на познатиот фудбалер ја разбеснил потегот на ресторан во Италија: „Ми дадоа мени без цени“

Девојката на познатиот фудбалер ја разбеснил потегот на ресторан во Италија: „Ми дадоа мени без цени“

Аргентинската инфлуенсерка и девојка на фудбалерот Лаутаро Мартинез, Агустина Гандолфо, јавно објавила еден италијански ресторан поради, како што вели – сексистичко мени.

25-годишничката тврди дека во еден ресторан во Милано ѝ дале мени на кое не биле испишани цените, додека на нејзиното момче му дале мени со цени.

„Дали знаевте дека во многу ресторани во Италија не ставаат цени во менито кое им го даваат на жените?“, ги прашала следбениците.

Објавила и фотографија од менито без цени.

„И што да направам ако сакам да платам“, прашала таа.

Подоцна додала дека ѝ пишале многу Италијани и ѝ објасниле дека ‘мени на слепо’ е пракса само во луксузни ресторани.

„Најлошо е што тоа го оправдуваат така што велат дека тоа се случува само во ресторани на одредено ниво. Дали тоа значи дека жените не можат да платат ако зборуваме за поскап оброк?“, додала потоа.

Со нејзината објава се позанимавала италијанската „La Repubblica“, која разговарала со Росела Церео, менаџерка на ресторанот „Da Vittorio“, кој има три Мишелин ѕвезди. Церео рекла дека таа не гледа проблем во таа пракса.

„Ако на масата седи пар, имаме навика да ѝ даваме мени без цени на жената. Тоа не е дискриминација, туку форма на галантност. На тој начин ја советуваме жената да ужива во вечрата, атмосферата и добрата храна, без да се грижи за банални работи“, тврди таа.

Сопственикот на ресторанот „Pipero“ во Рим, Алесандро Пиперо, сепак смета дека е непочитување да не им покажете цени на гостите.

„Во 2021-ва година сме и не е можно некој да верува дека жена нема да плати во ресторан. А и ако не плати, зошто не би ги знаела цените на оброците? Според законот, од мене се бара да ги покажам моите цени надвор, па што значи тоа? Жената може да ги чита надвор, но не и внатре?“, тврди тој.

Што мислите вие за оваа пракса?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Agustina (@agus.gandolfo)

Најнови вести