Џозеф Баена (22), синот на Арнолд Шварценегер од тајната врска со неговата собарка Милдред, откри на социјалните мрежи дека тој и неговиот татко споделуваат една работа – љубовта кон кревање тегови.
„Одлично време за вежбање и позирање“, напиша младиот човек, покрај фотографијата на која е во поза карактеристична за неговиот татко во која што најдобро се потенцираат мускулите.
Иако Шварценегер долго време ја криел својата врска со Милдред и фактот дека таа му роди син кој е негова копија, тој има одлична врска со неговиот син. Поради аферата, Шварценегер се рзведе со сопругата Марија Шривер, со која има четири деца. Нивниот најмлад син Кристофер е врсник на Џозеф.
View this post on Instagram
BIG happy birthday to the best training partner in the world! Love you dad ??