Американскиот пејач Џон Леџенд ја објави првата фотографија со својата новородена ќерка Ести Максин. Тој, инаку, на концерт на 13 јануари откри дека со неговата сопруга, супермоделката Криси Тајген, добиле трето дете.
„Нашата нова љубов“, напиша музичарот во описот на објавата.
Криси во септември објави дека е бремена, по ин-витро оплодување. Во септември 2020 година, парот го загуби својот нероден син Џек. Тие веќе имаат ќерка Луна (6) и син Мајлс (4).