петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Диего Марадона се жени: Ја запроси 30 години помладата девојка на нејзиниот роденден

Диего Марадона се жени: Ја запроси 30 години помладата девојка на нејзиниот роденден

По разочарувањето во Русија, Диего Марадона одлучи да продолжи понатаму и да се фокусира на иднината.

Поранешниот фудбалер ја побара за жена својата девојка Росио Олива на нејзиниот 28-ми роденден со дијамантски прстве и во присуство на 45 гости.

Роси веднаш му кажала „ДА“ на 30 години постарото момче, а по запросувањето солзи пуштиле нејзината мајка Моника и ќерката на Марадона, Јана, пишува „The Sun“.

Вљубениот пар прославил веднаш со повеќе шишиња Дом Перињон, а до раните утрински часови гостите ги забавувал аргентинскиот пејач El Polaco.

-Среќна сум што ова ми е последниот роденден кој го славам како слободна жена и што сите следни ќе ги прославувам со тебе. Моите желби денес се секогаш да бидам среќна со Диего, моите мајка и баба да бидат живи засекогаш и сите да бидат здрави, изјавила 28 годишната девојка по запросувањето.

Марадона Росио ја запозна во 2012 година, а од првата сопруга Клаудија се разведе во 2003 година по 17 години брак.

Најнови вести