понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дилета изјави дека мажот не мора да има пари, Интернет корисниците брутално ѝ одговорија: „Реченица на секоја спонзоруша“

Дилета изјави дека мажот не мора да има пари, Интернет корисниците брутално ѝ одговорија: „Реченица на секоја спонзоруша“

Спортската новинарка Дилета Леота неодамна ја сподели веста дека таа и нејзиниот партнер, голманот Лорис Кариус го очекуваат своето прво дете. Меѓутоа, сега убавата новинарка и водителка се најде на удар на јавноста поради една реченица.

Имено, темата на една нејзина радио емисија која секојдневно ја води заедно со уште еден колега, била љубовта.

„Може да се заљубите во некој кој нема огромна цифра на банкарската сметка“, рекла Дилета во разговор со колегата, а токму таа нејзина реченица предизвика лавина негативни коментари.

„Нели ти е срам да кажеш такво нешто? Па, не излегуваш со момци што немаат пари“, „Типична реченица на спонзоруша“, „Понекогаш е подобро да молчиш, отколку да кажеш било што“, се само дел од коментарите.

Инаку, една од најубавите новинарки на светот, пред Кариус беше во врска со богатиот турски актер Кан Иман и најпознатиот италијански боксер Даниеле Скардино.

Дилета своевремено ја поврзуваа и со директорот на Скај Спорт, Матео Мами, а многумина сметаат дека токму тој е причината за нејзината успешна телевизиска кариера.

Најнови вести