Златан Ибрахимовиќ беше фотографиран на одмор во Сен Тропе, а една од неговите тетоважи го привлече вниманието на многумина.
Ибрахимовиќ е голем љубител на тетоважи и украсување на телото, а во еден период целото тело му беше покриено со тетоважи и тоа со посебна намена.
Легендарниот фудбалер неодамна беше фотографиран на плажа, а вниманието на фотографот особено го привлече една од неговите тетоважи, односно нејзината содржина која гласи: „Само Господ може да ми суди“.
Инаку, Ибрахимовиќ важи за човек кој не се грижи премногу за другите. Тој секогаш ги прави работите на свој начин и честопати беше повеќе од непријатен за другите.
Ибрахимовиќ и претходно го привлекуваше вниманието со тетоважите, чиј број со годините се намалуваше.
„Имав 15 тетоважи на моето тело. Тоа беа привремени тетоважи и тоа беа имиња на луѓе кои се гладни и немаат што да јадат. Ги отстранив сите, но овие луѓе сè уште се таму, тие сè уште се гладни. Каде и да одам, кога се појавувам, луѓето ме препознаваат и навиваат за мене“, изјави еднаш тој.