недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Добродојде во светот на возрасните: Пејачката Марија Спасовска го прослави својот роденден, на гостите им приреди и мини-концерт

Добродојде во светот на возрасните: Пејачката Марија Спасовска го прослави својот роденден, на гостите им приреди и мини-концерт

Во светот на возрасните вчера зачекори младата музичка ѕвезда Марија Спасовска и официјално стана полнолетна.
По тој повод таа организраше голема голема роденденска забава во еден од најпознатите хотели во нашата метропола, на која присуствуваа голем број нејзини пријатели, соработници и роднини.

Забавата почна нешто пред 21 часот и траеше до еден час по полноќ. Многубројните гости покрај диџејот, ги забавуваше и токму Марија, која настапи со својот бенд и одржа мини-концерт, пеејќи ги нејзините песни, но и песните на нејзините повозрасни колеги.

Некаде на средина од забавата, за Марија пристигна и специјално изненадување, за кое „виновни“ беа момците од нејзиниот бенд.

Имено, на големиот проектор се појави видео-честитка од омилената пејачка на Марија, поп-дивата Калиопи Букле која и испрати искрени желби по повод нејзиниот роденден.

„Драга Марија, среќен ти роденден од срце. Блескај така како што само твоето срце умее да сака и токму така биди и наградена од страна на животот. Полнолетството е нешто прекрасно, преубаво. Ти посакувам само најубави и најискрени желби за се она што те очекува како авантура на патот наречен живот. Те сака Калиопи“ – беа зборовите на нашата дива.

Помеѓу гостите на роденденот беше и еден од најпознатите композитори на овие простори, Дарко Димитров во друштво на неговата сопруга.

„Јас си поминав прекрасно на роденденот, а се надевам дека одлично поминале и гостите. Добив многу подароци и сите до еден ми се допаѓаат, им благодарам многу. Инаку ме очекуваат многу обврски периодов, искрена да бидам не знам како ќе постигнам, но не се жалам, уживам во се што ми се случува на професионално поле“ – изјави младата и сега возрасна пејачка.

Инаку овој период за Марија е буквално „турбо“. Таа во понеделник започнува со снимање на нејзиниот најнов видеоспот за песната со која ќе настапи на овогодишниот „Макфест“ во Штип, а таа е и дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“, со кој настапуваат низ повеќето градови во нашата земја.

 

Најнови вести