Сергеј Варошлија преку својот Фејсбук профил му го честита роденденот на Боки 13 кој се наоѓа во притвор осомничен во акцијата „Рекет“.
„Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да не може да ја прими искрената честитка …
Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои и јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака! Еден од ретките кои искрено се грижеше , бореше и интересираше за сите, а “сите” наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше “што, како, зашто…” заслепени од тие “прашања” не можеа да ја видат неговата суѓтина и човечност пред се ! Но не за џабе викаат “човек на човек му е огледало”!
Среќен роденден драг мој Бојан! И како вика онаа народната “се проаѓа” битно да си ми жив и здрав
П.с Благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија- пишаа во овој период, вие знаете кои сте !
И на овој пост нема да толерирам негативни коментари на мојот профил“-напиша Сергеј !