Мирко Шијан и Бојана Родиќ на големо го средуваат својот дом, особено собата за бебето кое ќе пристигне на свет за неколку месеци.
Бојана неодамна на својот профил на Инстаграм се пофали дека се тече по планот и покажа фотографии од детската соба која се реновира.
По тој повод се огласи и пејачката со македонско потекло Гоца Божиновска.
„Ќе започнат да реновираат на пролет, но уште сега гледам нешто земаа да средуваат. Ќе се обнови мебелот, ќе се средува собата на бебето…тие таму ќе живеат и нека средат како што тие сакаат“, вели пејачката за српските медиуми.
Таа додава дека не знае до каде стигнале со реновирањето бидејќи е на село кај својата мајка.
-Кај мајка ми сум, чекаме буквално кога она најстрашното да се случи, вели вознемирено Гоца.
Инаку нејзината мајка веќе неколку месеци е во лоша здравствена состојба.