петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Додека сите позираа на црвениот тепих, таа направи салто (ВИДЕО)

Додека сите позираа на црвениот тепих, таа направи салто (ВИДЕО)

Еве што се случи на доделувањето на Еми наградите во 2016 г. кога на црвениот тепих зачекори жена каскадер.

Имено, по црвениот тепих прошета една згодна русокоса во црвен фустан и ги почести присутните со своите акробации изведувајќи салто наназад во високи потпетици. Додека присутните се обидуваа да се соземат од изненадувањето, младата дама веќе беше на нозе.

Станува збор за Џесика Лорен Граф, позната каскадерка и носител на црн појас во теквондо, кунг фу и уште пет боречки вештини. Таа на присутните им покажа дека високите потпетици се само украс и дека во нив функционира исто како да носи патики. Видеото повторно се прошири на Интернет и ги воодушеви корисниците на социјалната мрежа Тикток.

Џеси инаку стана позната по нејзиниот успех на патеката со пречки во Американскиот нинџа воин. Таа е првата жена која ги поминала финалните курсеви во Лас Вегас две години по ред, и првата жена која го завршила исцрпувачкиот прв степен на американскиот нинџа воин.

Како дете посетувала часови по акробација во циркус, а со гимнастика почнала да се занимава од 9-годишна возраст.

@weneedtotalk She made an entrance 🔥💃🏼 (Via larisa.494_/ig) #red #dress #dance #gymnastics #redcarpet #fashion ♬ Dangerous – The Red Collective

Најнови вести