среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Додека тагува по смртта на својот брат, нов ШОК за Ник Картер: Пејачот обвинет за силување

Додека тагува по смртта на својот брат, нов ШОК за Ник Картер: Пејачот обвинет за силување

Ник Картер, член на популарниот бенд „Бекстрит бојс“, е обвинет за силување малолетно девојче во 2001 година, беше соопштено на вчерашната прес-конференција на наводната жртва и нејзините адвокати.

Шенон Шеј Рут тврди дека пејачот сексуално ја нападнал кога имала само 17 години.

„Последните години беа исполнети со болка, збунетост, фрустрација, срам и самоповредување како резултат на силувањето од Ник Картер“, рече Шенон, додавајќи:

„Иако сум аутистична и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо немаше поголемо влијание врз мене и имаше потрајно влијание врз мојот живот од она што го направи и ми рече Ник Картер“.

Шенон понатаму тврди дека Ник ја малтретирал и и нанел повреди.

-Откако ме силуваше, се сеќавам дека ме нарече “ретардирана кучка“, ме фати и ми остави модринки на раката. Се обиде да ме исплаши и да ме затвори. Беше груб и се закануваше. Само затоа што Ник Картер е славна личност не значи дека може да биде аболициран од неговите злосторства, рече Шенон.

Нејзиниот адвокат изјави дека има уште три анонимни жени кои исто така поднеле тужба против Ник.

-Тој има долга историја на злоставување жени, рече адвокатот и додаде дека Рут бара правда и сака да ги заштити другите жени.

Пејачот допрва треба да ги коментира наводите, кои доаѓаат само неколку недели откако неговиот брат Арон Картер беше пронајден мртов.

Најнови вести