Пејачката Индира Арадиновиќ Инди имаше многу тежок период во животот. Таа се одлучи на операција за намалување на стомакот, која во еден момент тргна наопаку, па дури беше и опасна по живот.
Сепак, Инди излезе како победник, со помош на хирургија, здрава исхрана и вежбање го донесе изгледот до совршенство, а сега реши јавно да сподели сè за своето искуство:
– Дојде денот кога ќе ги откријам сите детали за мојата трансформација, процесот на опоравување, губењето на голема тежина, како се чувствував тогаш и како се чувствувам сега. Моите идни планови, по короната… Сето тоа можете да го следите на мојата страница на ЈуТјуб … Никогаш не се грижев за коментарите на другите луѓе, ни сега не ми е гајле. Живеам живот надвор од Инстаграм и сум многу среќна и здрава. Немам многу пријатели и не правам пријатели на 35 години. Верувам само во она што го гледам. И гледам многу. Верувам во себе, и ништо за мене без себе. Со Божја помош и волја. Ве сака и бакнува вашата Инди – напиша пејачката под споделените фотографии на својот Инстаграм.
Еве како изгледаше:
View this post on Instagram