среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Долго молчеше за ова – голема принова во семејството на Драгана Мирковиќ, следбениците на Инстаграм во неверување од глетката (ФОТО)

Долго молчеше за ова – голема принова во семејството на Драгана Мирковиќ, следбениците на Инстаграм во неверување од глетката (ФОТО)

Српската пејачка Драгана Мирковиќ веќе со години живее во Виена заедно со својот сопруг и двете деца во дворец вреден 50 милиони евра.

Пејачката не сака да го експонира во јавноста својот приватен живот, па така ретко споделува како ужива во својата оаза каде го пронаоѓа и мирот.

Во една прилика таа открила дека не знае колку соби има во својот дом, но дека има 235 прозорци.

Нејзиниот дом сакаше да го купи и еден шеик за дури 200 милиони евра, но таа љубезно го одбила.

Драгана неодамна, поточно за осми март доби на подарок од својот сопруг „Мајбах“, а сега ги изненади сите објавувајќи на Инстаграм дека има нов ѕвер вреден цело богатство.

Станува збор за автомобил од марката „Ролс Ројс“ кој вреди вистинско богатство, а нејзините следбеници на Инстаграм буквално подзинаа од глетката, со самиот факт што го имаат само најбогатите луѓе во светот.

Најнови вести