Се ближи крајот на сезоната на национални избори за претставничка на Евровизија, а наскоро ќе ги знаеме сите 40 учесници на претстојниот настан во Торино.
Србија ќе биде претставувана од Ана Ѓуриќ – Констракта со песната „In corpore sano“. Според домашните медиуми, но и разни евровизиски сајтови, српската евровизиска песна „In corpore sano“ во изведба на Констракта ќе остане на српски јазик со фрази на латински.
Причината, според Констракта, е фактот што преведениот текст на англиски јазик не би се вклопил во ритамот на песната. Секако, српската делегација ќе направи се за да ја пренесе пораката на песната до публиката, најверојатно преку текстот во позадина или на некој сличен начин.