На нејзиниот Инстаграм профил веќе нема фотографии во провокативни пози, туку најчесто споделува моменти со наследникот.
Така и овој пат, Ана Корач сподели фотографија на која го држи својот син во раце, облечена во блузон и тренерки.
„Го сакам мојот син“ – напиша таа во описот на фотографијата.
Инаку, Ана уште го чува во тајност таткото на своето дете, иако во една прилика изјави дека тој е нормален тип кој работи за плата.