Пејачката Ана Севиќ пред нешто повеќе од четири месеци на Инсатграм откри дека е бремена и дека чека девојче. Таа сега го покажа трудничкиот стомак, објави фотографија од лифт и ја сподели пред своите следбеници.
Имено, таа неколку месеци беше резервирана за нови фотографии од бременоста, но сега посака со тоа да се пофали.
Коментарите за нејзиниот изглед постојано се појавуваа, а сите коментираат колку добро изгледа во бременоста и колку добро и прилега блажената состојба.
За потсетување, пејачакта преживеа вистинска драма неодамна откако свршеникот на Ана, пред неколку месеци, односно само што дознаа дека е бремена, тој се зарази со Ковид-19, но таа имаше среќа да ја избегне и да се заштити од инфекцијата.