петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Драгана Мирковиќ носи голема рана на срцето: Прерано загинатата Ксенија 2 дена пред смртта сакала да разговара со неа, но тоа никогаш не се случило

Драгана Мирковиќ носи голема рана на срцето: Прерано загинатата Ксенија 2 дена пред смртта сакала да разговара со неа, но тоа никогаш не се случило

Пејачката Ксенија Пајчин, трагично загина на 16-ти март 2010-та година кога нејзиниот тогашен дечко Филип Каписода ја уби, а потоа се самоуби.

Да беше жива, таа на 3-ти декември ќе наполнеше 44 години.

Не стивнува тагата за оваа пејачка која ја пленеше со нејзината енергија.

Драгана Мирковиќ откри дека Ксенија итно ја барала само неколку дена пред смртта, а бидејќи не успеале да разговараат – и денес и е многу тешко.

-Таа беше една од најслатките и најубавите девојки. Таа имаше 15 години кога почна да работи со мене, кога почна да настапува со група. Поубава девојка не сум видела, изјави Драгана во „Премиера викенд специјал“ на ТВ Пинк.

-Два дена пред трагично да загине, таа беше гостинка во емисија на мојата телевизија. Тогаш таа му рече на мојот водител: „Кажи и на Драгана да ми се јави, имам нешто многу важно да и кажам“. Не ми кажа тој ден, не ми кажа утредента, кога ми се јави ми рече дека ја изгубивме. Никогаш нема да знам што е тоа важно што таа сакаше да ми каже. Мене ми остана чувство како да треба нешто да направам за неа, не знам што се случи. Дефинитивно ќе ми остане рана на срцето, изјавила пејачката.

 

Најнови вести