Британската кралица Елизабета втора го прослави својот 92 роденден, а поворката која ја сочинуваа стотина војници ја одбележа еден инцидент.
Имено, военото официјално лице 79 годишниот Маршал Чарлс Гатри, падна на глава додека јаваше во текот на воената парада „Поздрав на боите“ во Лондон.
Полицијата веднаш пријде да му помогне, а потоа итно бил префрлен во болница.
Се претпоставува дека Чарлс се онесвестил пред да се лизне од коњот.
Инаку, ова не е прв пат војник да колабира на прославата на роденденот на кралицата Елизабета.
Тоа се случи и во 2016 година, кога гардист само падна.