четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Драма во Тел Авив: Мадона пристигна со приватен авион и 135 луѓе, еве колку пари ќе земе за настапот на Евровизија

Драма во Тел Авив: Мадона пристигна со приватен авион и 135 луѓе, еве колку пари ќе земе за настапот на Евровизија

Поп ѕвездата Мадона пристигнала во Тел Авив со што дефинитивно го потврдува нејзиното учество во финалето на Евровизија кое ќе се оддржи во сабота на 18-ти мај. Веќе ја направила првата проба, а деталите ги објавила на социјалните мрежи.

Како што пишуваат од Times of Israel, Мадона пристигнала со приватен авион на аеродромот „Бен Гурион“. На главата носела голем шешир за да ги спречи папараците да и го фотографираат лицето, а со својата придружба била донесена во хотелот „Дан“ каде што го реазервирала целиот 4-ти спрат.

По нејзиното доаѓање имала недоразбирање со организаторите кога пристигнала на проба во Арената затоа што не ѝ дозволиле да влезе со оглед на тоа што до тој момент таа немала потпишано договор за настапот. Дополнително сè било решено. Опремата за нејзиниот настап била донесена со бродови.

Со неа пристигнале 135 личности од кои 40 се придружни вокали, 25 танчери, а останатите се техничари.

Средствата за нејзиниот настап на Евровизија ги дал израелско-канадскиот милијардер Силван Адас, со кого морало дополнително да се преговара бидејќи првичниот хонорар за кралицата на попот изнесувал само 1. милион долари. Сега ќе земе 1,8 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

Madame❌ is excited about the F U T U R E ft. @quavohuncho @diplo @whereisstarrah Out Today! #future #madamex .

A post shared by Madonna (@madonna) on

Најнови вести