петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„ДРЖЕТЕ СЕ, ЌЕ БИДЕ ТЕШКО“: Поранешните Ураганки ги запознаа новите колешки, пејачките се расплакаа – еве зошто (ВИДЕО)

„ДРЖЕТЕ СЕ, ЌЕ БИДЕ ТЕШКО“: Поранешните Ураганки ги запознаа новите колешки, пејачките се расплакаа – еве зошто (ВИДЕО)

Групата „Ураган“ неодамна претстави нови членови – Миона, Сара и Јована. Тие веќе направија три песни, а во нивната промоција ги поддржаа поранешните Ураганки Ивана Николиќ, Ксенија Кнежевиќ и Сања Вучиќ.

Денеска на јавноста и се претставија новите членови на групата „Ураган“, каде зборуваа за тоа колку имаат трема и колку им е драго што нивните траги веднаш ја нашле својата публика.

ФОТО: ALEKSANDAR DOJKIĆ / RINGIER
ФОТО: ALEKSANDAR DOJKIĆ / RINGIER

Рамо до рамо со нив беа Ивана, Ксенија и Сања, кои им посакаа се најдобро во понатамошната кариера и изјавија дека им се допаѓаат нивните песни.

ФОТО: ALEKSANDAR DOJKIĆ / RINGIER

-Ќе ми се размачка шминката – изјави новата членка на Ураганките по говорот каде не можеше да ги сокрие емоциите, па пушти и солза.

Видно возбудени не го криеја задоволството што со нив се поранешните Ураганки.

– Држете се, ќе биде тешко – рекоа поранешните членови на групата.

– Може само да ни биде драго што тие се нови членови на групата. Не ни е воопшто криво затоа што сме подготвени за тој процес. Учествувавме во создавањето на песните, па со нетрпение ги очекуваме, рекоа Ивана, Ксенија и Сања.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Најнови вести