среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дуа Липа повторно се огласи, овој пат мотивирана како никогаш досега- еве што имаше да порача зa картата од „Голема Албанија“

Дуа Липа повторно се огласи, овој пат мотивирана како никогаш досега- еве што имаше да порача зa картата од „Голема Албанија“

Пејачката со албанско потекло Дуа Липа повторно се огласи на социјалните мрежи откако претходно објави слика со карта од „голема Албанија“ и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Таа вели дека нејзината објава е „погрешно протолкувана“.

– Со мојот претходен пост, не сакав да иницирам какво било омраза. Ме прави тажна и лута што мојата објава беше погрешно протолкувана од некои групи поединци кои промовираат етнички сепаратизам, нешто што целосно го отфрлам, напиша Дуи Липа.

Според неа, секогаш кога објавувала за Косово луѓето реагирале бурно.

– Сите ние заслужуваме да бидеме горди од каде потекнуваме. Едноставно сакам мојата земја да биде претставена на картата и да може да зборува гордо и среќно за моите албански корени и за мојата родна земја. Ги охрабрувам сите да го прифатат своето наследство и да слушаат и учат едни од други. Мир, љубов и почит кон сите – напиша Липа во нејзината објава.

 

View this post on Instagram

 

❤️

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) on

Најнови вести