Поранешниот фудбалер и сопруг на пејачката Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ објави фотографија со наследничките Атина и Ника Тошиќ.
Иако тој својот приватен живот не го експонира во јавноста и социјалните мрежи ги користи само споделувајќи нешта поврзани со работата, овој пат направи исклучок.
Имено Тошиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија со ќерките Атина која седи на совозачкото место и Ника која е на задното седиште, а на фотографијата е уште едно девојче кое седи веднаш зад Душко.
Девојките биле видно расположени на фотографијата, а еден детаљ на следбениците веднаш им падна во очи.
Со текот на годините како расте постарата ќерка Атина се повеќе личи на својата мајка и буквално е нејзина копија, а тоа го потврдија и коментарите на фановите на Тошиќ.
„Душко треба да бидеш горд какви ќерки имаш“, „Мамина копија“, „Атина иста мама“, „Само Јелена ви фали“, се само дел од коментарите.