Јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ беше пронајдена мртва во својот стан на 8-ми декември минатата година, а овој случај наиде на голем одзив во јавноста откако беше откриено дека таа подолго време била жртва на сајбер насилство.
Што ја поттикна да крене рака на себе, со што се соочува и се мачи во последно време – ова се само некои прашања на кои семејството, но и јавноста засега немаат одговор.
Семејството на починатата јутуберка не се огласи по нејзината смрт, но со оглед на количината на пораки што ги добиваа од фановите, нејзината мајка Наташа сега се огласи за прв пат по погребот.
-Некогаш кога семејството ќе ги има потребните информации, ќе соопштам се, бидејќи не сакам да ве оставам во тишина. Ќе одговара тој што треба да одговора. Лута сум, очајна и целосно скршена, напиша Наташа Ѓукиќ во својата објава на Инстаграм.