Синот на турскиот актерски пар Бурак Оџивит и Фахрие Евџен на свет стигна на 18 јануари годинава, а среќната вест ја пренесоа веднаш турските медиуми.
Парот речиси два месеци не се огласуваше на социјалните мрежи, туку речиси целосно му се посветија на новиот член на семејството.
View this post on Instagram
Нивниот постар син си доби братче, а гордата мајка по речиси три месеци во илегала денес се врати на социјалните мрежи и на својот Инстаграм профил сподели прва фотографија од бебето.
Фотографијата настанала во дворот од семејната вила каде парот живее веќе некое време, а бебето се гледа дека ужива на сонцето во овие пролетни денови.