вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Два пати банкротираше, боледува од тешка болест, но сега конечно е среќна

Два пати банкротираше, боледува од тешка болест, но сега конечно е среќна

Кога за прв пат се појави на музичката сцена ја нарекуваа музичко чудо, нејзините балади беа помеѓу најслушаните во целиот свет, заработувала милиони, кои за жал многу брзо ги изгубила, а потоа се бореше и со тешка болест. Тони Бракстон после низата проблеми кои ѝ се случувале во животот, конечно ѝ следувал светол период. Таа сподели со јавноста дека ќе се мажи.

50 годишната Тони објави дека се вери со момчето, односно помладиот рапер Брдмен. Всушност, тој е еден од најпознатите и најбогатите музичари на раперската сцена во Америка и неговата годишна заработка е десетици милиони долари.

Последните неколку денови, папараците забележувале впечатлив прстен на нејзината рака, но таа не покажувала дека се работи за нешто важно. Но, сега се одлучи да ја сподели веста со целиот свет.

-Имам една убава вест. Се верив- сподели Тони во трејлерот за нејзиното реално шоу.

Нејзините сестри биле воодушевени, а на свадбените ѕвона се израдува и идната невеста. “Само работата ме прави среќна. Сега, работите за мене се менуваат на подобро”, вели пејачката.

Инаку, Тони за време на својата долгогодишна кариера банкротирала дури два пати. И покрај огромниот успех во 90 – те, сепак наишла на многу проблеми. За прв пат банкротирала во 1997 година, а за тоа ја обвинува нејзината дискографска куќа. Откако се спаси од финансиските проблеми, Тони добои свое музичко шоу во Лас Вегас кое беше укинато откако ѝ се слошило.

Констатирано било дека боледува од лупус, па набрзо шоуто од кое заработуваше милиони беше прекинато. Компаниите кои го спонзорирале шоуто во Лас Вегас ја тужиле, па пејачката била во долг 50 милиони долари, заработувајќи го вториот банкрот.

“Braxton Family Values” е шоуто кое повторно ја издигна на нозе во 2011 година, а сега си најде и сопруг кој има стабилна финансиска состојба.

Најнови вести