Кралската традиција со години наназад наложува носење на ракавици како моден детаљ кој естетски изгледа убаво.
Последна во низа која го прифати овој детаљ е Меган Маркл која ретко може да се види со ракавици на себе, отколку повеќе како ги држи во рака.
Сето тоа има и причина, а новинарката Елизабет Холмес вели дека постојат две причини поради кои Меган сака да ги испрати во јавноста.
Едната е естетска- ракавиците го подигнуваат нејзиниот убав изглед и кралски имиџ, додека втората е тоа дека со не носењето на ракавиците на себе таа сака да покаже дека сака да се поврзе со јавноста и да биде дел од неа.
-Мислам дека постои нешто со допирот на кожата, кога се ракувате со некој и кога за време на тоа можете да му ја допрете кожата тоа е многу интимно. Меган е добра во поврзувањето со јавноста, таа отвореност кон народот и интимност е нејзин кралски белег и бренд, вели новинарката Хомлес.