Откако вчера српските медиуми објавија вест за започнувањето на судењето на Турчинот Алсин Левент (36) кој на 17 февруари 2019 година ги усмрти пејачите Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ оваа тема повторно се актуализираше во јавноста.
По овој повод се огласи и Ружица сопругата на покојниот музичар Мирсад која за српските медиуми признала дека веќе не контактира со Гордана Шаулиќ сопругата на фолк легендата.
-Моите чувства пред судењето се помешани. Јас година дена поминав во тага и бол за мојот Мирсад, но и во приватна истрага покрената од мене. Едвај чекам да започне судењето и секако секој пат ќе бидам присутна таму за да ја видам реакцијата на лицата на присутните во судницата, вели Ружица.
Таа вели и дека има нешто да му каже на семејството Шаулиќ.
-Мене ми е важно да добијам одговор на прашањето поради што е сменет летот закажан за во 1 часот и 30 минути по полноќ за Белград? Мене ми се јави Мирсад вечерта и ми кажа дека Шабан го пратил дома својот возач бидејќи добил информација дека летот му е поместен од непознати причини. Поради тоа мојот Мирсад останал да го чека Шабан да замине на аеродром и да лета за Белград, вели таа.
Додава дека последната средба со вдовицата на шабан завршила без поздрав, па оттогаш се немаат ниту слушнато.
-Во почетокот се беше добро, но по неколку месеци не. Нашиот последен разговор заврши спуштајќи ја слушалката без поздрав. Јас сум таа што реков дека треба да се прекине околу некој работи за која она беше свесна, но не сакаше да ги признае, раскажува Ружица.