понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Џани и Слаѓа во придружба на адвокат стигнаа во Третиот основен суд, еве и зошто

Џани и Слаѓа во придружба на адвокат стигнаа во Третиот основен суд, еве и зошто

Српскиот пеач Радиша Трајковиќ Џани и неговата сопруга Слаѓана Трајковиќ, денеска, 26 јуни, пред 11 часот стигнаа во Третиот основен суд Белград.

Двајцата влегле во зградата на Третиот основен суд која се наоѓа во делот на Нов Белград, во придружба на адвокат, а на лицата имале заштитни маски, поради коа едвај биле препознатливи.

Причината поради која фолкерот и неговата сопруга го посетиле судот е тоа што денеска наводно им истекувала казната куќен притвор, која им биле пресудена на 3 април, пренесуваат српските медиуми.

За потсетување, Џани и неговата сопруга Слаѓана потпишаа договор со Третото основно јавно обвинителство за признание на вина и осудени се на три месеци куќен притвор.

Тие двајца во друштво на својот син и бремената снаа, кои сега се заразени со коранавирус, на 3 април биле фатени во еден бар во белградски хотел.

 

Најнови вести