Џастин Бибер одлучи да промени сè што може во животот. Тој тајно се ожени со модел, а сега и неговиот личен опис го доведе во прашање.
Имено, долгата руса коса, по која беше препознатлив, отиде во заборав.
Пејачот се ишиша и тоа речиси на нула и го срушија интернетот.
„Не ми е јасно зошто пушташе долга коса, кога ја ишиша“, тоа е само еден од многуте коментари што ги доби поради неговата нова фризура.
Она што го навело пејачот на таков драстичен потег не е познато, но секако неговиот заштитен знак ќе остане во сеќавање, барем засега.
Пејачот се ожени со Хејл Болдвин во тајност, потоа се пресели во луксузна вила, а сега и оваа промена на главата на пејачот. Што е следно, останува да се види во наредните месеци.