Популарниот пејач Џастин Бибер објави дека паузира и привремено ја прекинува својата веќе одложена „Justice World Tour“ поради здравствени проблеми.
– Минатиот викенд настапив на музичкиот фестивал Rock In Rio и дадов се од себе за луѓето во Бразил, напиша Бибер и додаде дека го совладала исцрпеност.
По консултациите со неговите лекари, членовите на семејството и тимот, пејачот ги извести фановите дека неговото здравје е приоритет пред турнејата.
– Сега ќе се одморам од турнеите. Ќе бидам добро, но ми треба време за одмор и заздравување, напиша тој.
Неговата турнеја веќе беше одложена на почетокот на оваа година бидејќи пејачот и членовите на неговиот тим беа позитивни на коронавирусот, поради што светската турнеја конечно започна во март.
До март 2023 година има закажани 70 концерти во Јужна Америка, Азија, Австралија, Нов Зеланд и Европа. Џастин не објави кога би можел да се врати на сцената, а неговите публицисти допрва треба да одговорат на барањата на новинарите за детали.
Во април, канадскиот пејач откри дека му бил дијагностициран синдромот Ремзи Хант, кој се карактеризира со парализа на едната страна од лицето.
Поради опоравувањето, тој беше принуден да ги откаже настапите до понатамошно известување. Потоа објави видео на Инстаграм на кое се гледа дека едната страна од лицето му е парализирана, но на фановите им кажа дека само му треба време да се опорави.