Замислете дека сте мултимилијардер кој што сака да купи имот во Лос Анџелес – што би направиле?
Па, доколку сте Џеф Безос, тогаш веројатно би излегле во градот и би ја купиле најскапата вила, секако.
Основачот на „Amazon“ купил бајковит Warner имот во Беверли Хилс од Дејвид Гефен. Според изворите, цената на имотот била 165 милиони долари, што е нов рекорд за пределот во Лос Анџелес.
Имотот е сместен во срцето на Беверли Хилс, а зазема површина од девет хектари, истиот е направен во текот на 30-те години на минатиот век за Џек Л. Ворнер, некогашниот претседател и ко-основач на „Warner Bros“.
Поседот содржи главна резиденција со површина од 1.300 квадратни метри во колонијален стил, многубројни тераси и градини, неколку куќи за гости, тениски терени, голф терен и комплекс со базен.
Целиот имот е заштитен со врвен безбедносен ситем, вклучувајќи и една од највисоките живи огради.
Цената од 165 милиони долари секако дека е висока, но таа е мал дел од богатството на Безос кое што изнесува 130.7 милијарди долари.