понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Џенифер Анистон ја откри својата чудна навика

Џенифер Анистон ја откри својата чудна навика

Холивудската актерка Џенифер Анистон (49) неодамна гостуваше во емисијата на Елен Деџенерис каде призна дека има доста чудна навика.

Имено, таа обожава да гледа телевизија целосно гола.  Во популарното шоу, Анистон седна на „жешкото столче“ и одговараше на поставените прашања.

На прашањето, што освен уште туширање, пливање и водење љубов сака да прави гола, Анистон одговара дека тоа е гледање телевизија. Нејзиното урнебесно признание ја зачуди публиката, но и самата Елен.

-Зарем тоа е навистина толку чудно? Пред спиење ја соблекуваш облеката, легнуваш во кревет и гледаш телевизија, објаснува актерката која најголемата популарност ја доби со улогата на келнерката Рејчел Грин.

Анистон во февруари оваа година потврди дека по седум години врска и две години брак, се разделува од актерот Џастин Тероу (47).

Сега веќе поранешната двојка никогаш службено не откри што е причината за разделбата, но се нагодуваше дека тоа може да биде Бред Пит(54) со кој беше во брак пет години.

Најнови вести