Оскаровката Џенифер Лоренс (31) е бремена! Актерката и нејзиниот сопруг Кук Маруни го очекуваат своето прво дете, потврди нејзината претставничка за магазинот „Пипл“.
Актерката уште претходно најави дека еден ден би сакала да основа свое семејство.
– Дефинитивно би сакала да бидам мајка. Замислувам дека ќе имам деца, а тогаш мојот живот ќе биде исполнет – рекла таа во едно интервју.
Џенифер се омажи за 37-годишниот сопственик на галеријата пред две години. Пред него, таа беше во врска со режисерот Дарен Аронофски.
Џенифер и Кук се сметаат за еден од најхармоничните парови, а њујорчаните честопати можат да ги видат на улиците во градот додека шетаат или пазарат. Кук и Џенифер, исто така, носат и усогласени комбинации, така што тие дефинитивно се еден од паровите кои ја чуваат љубовта и го поминуваат целото време заедно.
Џенифер и Кук се запознале благодарение на Лора Симсон, најдобрата пријателка на актерката, а во врска биле осум месеци пред да се свршат.
– Тоа беше голем камен. Се чинеше дека слават нешто и луѓето почнаа да зборуваат за тоа. Прстенот беше многу забележлив. Седеа во аголот. Таа носеше слатко мало црно фустанче со бели точки – рекол изворот кој бил на самото место на запросувањето.
Џенифер и Кук, кој е сопственик на уметничка галерија во Њујорк се венчаа во октомври 2019 година на Роуд Ајленд, а венчавката се држеше во голема тајност сѐ до самиот ден на свадбената церемонија.
На нивната венчавка присуствуваа голем број холивудски sвезди, а најголемо внимание привлекоа Адел, мајката на сестрите Кардашијан, Крис Џенер, Ема Стоун, како и Сиена Милер.
Фото: Профимедиа