вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Џесика Алба ја раскажа својата мрачна приказна

Џесика Алба ја раскажа својата мрачна приказна

Таа е една од најпознатите ѕвезди на Холивуд и успешна деловна жена. Иако по успешните филмови „Хани“, „Син Сити“ и „Фантастична четворка“ се повлече од јавниот живот, Џесика Алба е позната во целиот свет.

Во последниве години, таа е посветена на нејзината компанија The Honest Company и на семејството, кое и дава утеха по тешкото детство. Како што раскажа, во училиште ја нарекувале курва, а кога имала 15 години била киднапирана. Таа ни денес не сака да зборува за овој трауматичен настан.

Во тоа време, во 1996 година ја снимила првата серија „Флипер“. Одеднаш таа почнала да добива чудни телефонски повици, за кои мислела дека се нечија шега. Во еден момент целосно исчезнала и никој не знаел каде била цели 14 часа. Беше пронајдена со заврзани раце и нозе, со превез преку очи и затната уста во багажникот на автомобилот.

Бидејќи не можела да обезбеди информации за напаѓачите, случајот бил одбиен. Таа досега одбиваше да одговори на сите прашања во врска со случајот.

 

View this post on Instagram

 

Hi ? #setlife? #LAsFinest

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

Најнови вести