среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Џесика изгледа совршено и кога носи обични фармерки

Џесика изгледа совршено и кога носи обични фармерки

Џесика Алба, 38-годишна актерка и успешна сопственичка на мултимилионската компанија Honor, која ја основаше во 2011 година, е голема инспирација за многу љубители на мода.

Прекрасната бринета изгледаше одлично во чифт тесни црни фармерки, кои ги комбинира со кафеаво сако и бела маица, дополнувајќи го својот спортско-елегантен изглед со чанта во боја на црвено вино и т.н. мери џејн-чевли во бежова нијанса.

Алба е мајка на три деца, а во неодамнешното интервју истакна дека станала подобар претприемач благодарение на своите родителски способности.

-Постојано имате нови предизвици што треба да ги решите. Учите многу нешта, и тоа сè во движење, рече Џесика.

Најнови вести